Извештај на ЕК: Северна Македонија е умерено подготвена, потребна ефективна имплементација на законите
- Умерена подготвеност на земјавава е генералната оценка на Европската комисија која утре треба да го објави Нацрт-извештајот за Република Северна Македонија. Радио Слободна Европа вечерва обја
Скопје, 11 октомври 2022 (МИА) - Умерена подготвеност на земјавава е генералната оценка на Европската комисија која утре треба да го објави Нацрт-извештајот за Република Северна Македонија. Радио Слободна Европа денеска објави дека имале увид во извештајот во кој се наведува дека е потребна ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи. Единствено во економските критериуми е наведен добар напредок, а во усогласеноста на земјава со европската надворешна и безбедносна политика има многу добар прогрес.
Во извештајот, според РСЕ, се наведува дека работата на Собранието била нарушена со политичката поларизација, што го одложи усвојувањето на многу закони. Потребно е добро планирање и консултации за да се ограничи носењето на закони по брза постапка, а пратеничките прашања треба да бидат почести.
Во однос на усогласеноста на Северна Македонија со надворешната и безбедносна политика на Европската Унија се наведува многу добар прогрес со тоа што земјата целосно застана на страната на ЕУ во однос на руската инвазија врз Украина.