• недела, 24 ноември 2024

Извештај на ЕК: Повеќето земји од ЕУ треба да ги намалат емисите на штетни гасови

Извештај на ЕК: Повеќето земји од ЕУ треба да ги намалат емисите на штетни гасови
Брисел, 26 јуни 2020 (МИА) - На повеќето земји од ЕУ им се заканува неисполнување на обврските за намалување на емисиите на штетни гасови до 2030 година, предупреди денеска Европската комисија во својот извештај. - Пораката во извештајот е јасна. Секаде во Европа на многу граѓани им се заканува дишење лош воздух. Неопходни се ефикасни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во повеќето држави на ЕУ и тоа во секторите на земјоделството, енергетиката и сообраќајот, се наведува во текстот. ЕК денеска го објави првиот извештај околу проценката за примена на директивите за квалитетот на воздухот од 2020 до 2030 година. Извештајот е подготвен врз основа на анализи на националните програми за контрола на загадувањето, кои ги доставиле земјите членки. Комисијата, по разгледување на тие анализи, дошла до заклучок дека половина земји од ЕУ не можат да ги исполнат своите обврски за намалување на емисиите на штетни гасови, како на пример издувните гасови и ситните честици ПМ2,5. Посебна загриженост предизвикува емисијата на амонијакот, кој се користи во земјоделството, пишува во извештајот. гт/

Остани поврзан