• среда, 13 ноември 2024

Извештај: Екстремистите ја користат пандемијатата за ширење на теории за заговор 

Извештај: Екстремистите ја користат пандемијатата за ширење на теории за заговор 
Лондон, 9 јули 2020 (МИА) - Пандемијата со новиот коронавирус придонесе за ширење на опасни теории на заговор во Велика Британија, предупреди Комисијата на британската Влада задолжена за спречување на екстремизмот. Според денеска објавениот извештај на Комисијата, за време на пандемијата зголемена е видливоста на теориите на заговор насочени кон ваквцинирањето, 5Г технологијата, мацинствата, а зголемено е и ширењето на екстремно десничарските и ултралевичарските идеи, како и исламскиот екстремизам. Во извештајот се посочува дека се зачестени злосторствата од омраза кон луѓето кои потекнуваат од Источна и Југоисточна Азија односно забележан е нивен раст за 21 отсто, како и дека е регистриран „загрижувачки раст“ на злосторства од омраза и инциденти насочени кон Кинезите. Екстремните десничари ги поттикнувале другите луѓе намерно да ги инфицираат со Ковид-19 Евреите и муслиманите и во целосна мера ја користеа изолацијата за промовирање на опасни теории на заговор и дезинформации, посебно на интернет, се посочува во извештајот. Како пример се наведува масовното делење на објави на социјалните мрежи во кои муслиманите лажно се обвинуваат за непочитување на мерките за изолација, додека компаниите сопственици на социјалните мрежи не презеле ништо во 90 проценти за невистините објави на кои укажале волонтерите. Во извештајот се наведува и дека забележано е ширење на теоријата на заговор дека 5Г технологијата предизвикува симптоми на Ковид-19, па во април ширум Велика Британија беа оштетени околу 50 столбови со примопредаватели. За време на пандемијата исламските екстремисти ги обвинуваа властите дека вакцините ќе им наштетат на муслиманите односно дека целта на вакцинирањето е да се контролира бројот на муслимани. - Краткорочните и долгорочните ефекти од пандемијата би можеле да создадат услови кои доведуваат до екстремизам, а екстремистите ќе се обидат да ги искористат општествено-економските последици од Ковид-19, со цел да предизвикаат долгорочна нестабилност, страв и поделба во Велика Британија, се потенцира во извештајот на Комисијата на британската Влада задолжена за спречување на екстремизмот. ми/

Остани поврзан