• четврток, 19 декември 2024

Извештајот на ЕК: Северна Македонија умерено подготвена во областа на оданочувањето

Извештајот на ЕК: Северна Македонија умерено подготвена во областа на оданочувањето

Скопје, 12 ноември 2023 (МИА) - Во извештајот на Европската Комисија за напредокот на нашата земја за 2023 година, во поглавјето 16, се наведува дека сме умерено подготвени во областа на оданочувањето и дека  постигнат е одреден напредок, особено во изменувањето на повластената даночна регулатива во технолошките и индустриските развојни зони.

-Како резултат на тоа, Северна Македонија беше симната од листата на Анекс II на некооперативни јурисдикции за даночни цели. Земјата допрва треба да започне со автоматска размена на информации за финансиските сметки според стандардот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), се вели во Извештајот 

Препораките од минатогодишниот извештај не се целосно спроведени и остануваат во важност. Во наредната година, според ЕК, особено треба да се развие нов интегриран ИТ даночен систем за Управата за јавни приходи (УЈП), подобрување на управувањето со ризикот за усогласеност и процесот на стратешки реформи на УЈП, како и да започне со подготовките за воведување на механизам за спроведување на автоматската размена на информации за финансиски сметки со членките на ЕУ во согласност со глобалниот стандард на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД)

Во однос на индиректното оданочување, се вели дека ослободувањата од ДДВ и повластените стапки за основните производи беа изменети на крајот на 2022 година. За некои енергетски производи се примени повластена стапка на ДДВ од 10 проценти за да се ублажат ефектите од високите меѓународни цени на енергијата. Повластената ДДВ стапка од 10 проценти за електрична енергија за домаќинствата се применуваше до 30 јуни 2023 година

Се наведува дека доцнењата во процесот на поврат на ДДВ продолжуваат, бидејќи само 45 проценти од барањата поднесени во 2022 година се вратени во законскиот рок од 30 дена. 

ПОсочено еи дека во врска со административна соработка и взаемна помош, земјава има потпишано 49 договори за двојно оданочување, вклучително и со сите земји-членки на ЕУ освен Кипар, Малта, Португалија и Грција, со кои преговорите се во тек.  Земјата сè уште не се обврзала со датум за почеток на примена на стандардот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за автоматска размена на информации за финансиски сметки. 

-Во однос на оперативниот капацитет и компјутеризацијата, Управата за јавни приходи сè уште треба да ги подобри своите деловни процеси, да спроведе нов интегриран ИТ-даночен систем, заменувајќи го сегашниот фрагментиран ИТ систем, да развие усогласеност на управувањето со ризиците и дополнително да ги прошири електронските услуги, наведува ЕК и укажува дека УЈП е должна да доставува податоци од единствениот регистар на даночни обврзници до Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно Законот за спречување на корупција и судир на интереси. сх/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан