• вторник, 12 ноември 2024

Известување до корисниците

Известување до корисниците

Скопје, 16 март 2024 (МИА) – Медиумската информативна агенција (МИА) ги известува корисниците дека поради надградба и имплементација на дополнителна заштита од страна на веб провајдерот заради зголемените напади во изминатите неколку денови, денеска имаше мал прекин во дистрибуцијата на вести.

Интервенцвијата е спроведена денеска во интервалот од 06:00 до 07:00 часот.

Заради зголемени DDoS напади во изминатите неколку денови, кои доведоа до краткотрајни потешкотии во комуникацијата, беше извршена имплементација на дополнителна заштита на линковите за neoCloud заедно со телеком операторите. За таа цел имаше прекин во мрежната комуникација.

Се извинуваме поради непријатностите и однапред благодариме на разбирањето. миа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан