• сабота, 23 ноември 2024

Избрано логото на Општина Охрид за одбележувањето на 80-годишината од ослободувањето на градот

Избрано логото на Општина Охрид за одбележувањето на 80-годишината од ослободувањето на градот

Охрид, 13 јуни 2024 (МИА) – Идејното решение под шифра „415141“ на авторката Христина Лазеска е избрано за лого што ќе биде користено по повод одбележувањето на јубилејот - 80 години од ослободувањето на градот Охрид.

Според општинската Комисија што го спроведе изборот на најдобрите решенија по објавениот јавен конкурс и согласно наведените критериуми, втората награда оди кај Мартин Бибовски, додека авторката Марија Михајлоска за добива третата награда.

Избраното лого ќе се користи во кампањата „80 години слободен Охрид“ во чии рамки ќе бидат одржани сите настани организирани или поддржани од Општината во периодот до 7 ноември 2024 година.

По повод големиот јубилеј Општина Охрид ќе организира повеќе активности со сите охридски репрезенти (културни, образовни, спортски, научни и сл), а главната свеченост ќе биде на самиот роденден на Охрид - Денот на ослободувањето 7 Ноември.

Општина Охрид упатува покана до сите јавни институции, здруженија на граѓани и медиуми да се вклучат во кампањата по повод јубилејот и да го користат избраното лого. аб/са/

фото/лого

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан