Избрани принцот и принцезата на Струмичкиот карневал
- Душко и Даница Тимови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал кој се одржа во Хотелот “Сириус“ во Струмица. Тие се дел од маската „Диско забава - кралеви на подиумот“ и вечер (18 часот) заедно со кралот и кралската свита ќе го предводат големото дефиле на Струмичкиот карневал
Струмица, 21 февруари 2026 (МИА) - Душко и Даница Тимови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал кој се одржа во Хотелот “Сириус“ во Струмица.
Тие се дел од маската „Диско забава - кралеви на подиумот“ и вечер (18 часот) заедно со кралот и кралската свита ќе го предводат големото дефиле на Струмичкиот карневал.
На вечерашното карневалско дефиле се очекува да учествуваат 39 групи во различни категории со учесници од земјава и странство. Маските ќе ги оценува жири комисија, која во различни категории ќе додели награди на најуспешните. По завршувањето на дефилето забавата продолжува со настап на Кирил Џајковски и локални изведувачи.
Карневалот продолжува утре, на Прочка, кога се одржува традиционалниот детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски. рт/ац/
Фото: Општина Струмица