• сабота, 28 декември 2024

Избрани победниците од натпреварот за зелени бизнис идеи 2021

Избрани победниците од натпреварот за зелени бизнис идеи 2021
Скопје 16 јуни 2021 (МИА) - Здружението за социјални иновации „АРНО“ денеска ги прогласи победниците од натпреварот за зелени бизнис идеи 2021. За најдобри без избрани идеите: „Прва библиотека за играчки“ на Горјана Боневска, „О-круг: Производство на есенцијални масла и ароматизери од отпадни лушпи од портокал“ на Марија Бургиева и идејата „Мини Ирина Тошева“ на модната дизајнерка Ирина Тошева. Идејата на  „О-круг“ е преработка на биоотпад, конкретно лушпи од портокал, од кои ќе се произведува линија на еко-продукти како природни есенцијални масла и освежувачи на воздух. „Џагор“ е првата библиотека за играчки со која креаторите сакаат да понудат циркуларна алтернатива со можност за изнајмување на квалитетни играчки, справи и помагала, достапни и за оние со минимални примања, а, „Мини Ирина Тошева“ претставува под-етикета на брендот на дизајнерката Ирина Тошева. На натпреварот пристигнале 33 апликации од кои 13 се натпреварувале во финалето. „Зелени идеи“ е годишен натпревар кој поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Грција и се одржува од 2012 година. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар. На регионалниот натпревар што претстои, идеите на Боневска и Бургиева ќе се борат за поддршка од 5.000 долари, додека, Тошева ќе се натпреварува за поддршка од 10.000 долари. ар/бак/  

Остани поврзан