• вторник, 15 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Избрани песни од поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски преведени на англиски јазик

Избрани песни од поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски преведени на англиски јазик

Охрид, 21 август 2024 (МИА) – Во издание на Општина Охрид деновиве од печат излезе книгата „Избрани песни/Selected poems“ на англиски јазик од Славе Ѓорѓо Димоски.

Книгата содржи сто песни објавени  паралелно на македонски и на англиски јазик, а изборот и препевот го направи Даниела Спироска.

Изборот е придружен со обемен есеј на Венко Андоновски во се посочува дека  „За една поезија обично се вели дека е голема, и со тоа, по творештвото на Блаже Конески се согласни речиси сите,ако е едноставна. Се чини дека „инфантилизацијата” на јазикот, силно изразена кај Димоски, е едно од можните решенија за едноставна песна. Поетот говори големи нешта со лесни, едноставни зборови. Зборови на примордијалната, првобитна, детска свежина на перципирање на светот“.

Оваа е четврта книга од поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски преведена на англиски јазик. аб/ев/

фото/плакат

Остани поврзан