• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Избрани лого и постер за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“

Избрани лого и постер за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“

Гевгелија, 26 март 2025 (МИА) - Идејните решенија за лого и постер од Катерина Пренда се избрани за заштитни знаци на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“.

Ова го соопштија од Одборот за реализација на проектот и како што неведуваат оттаму станува збор за модерни и хармонични визуелни композиции што ја одразуваат богатата историја, културното наследство и визијата на Гевгелија како „Град на културата во 2025 година“.

-Инспирацијата за логото е црпена од релјефна чаша со претстава на македонски штит, од третиот-вториот век пред нашата ера, пронајдена на архелошкиот локалитет „Вардарски Рид“- Гевгелија. Логото е прикажано како сонце со концентрични кругови, симбол на Гевгелија за нејзината светлина, топлина, виталност и гостопримство и град епицентар на културните настани во 2025 година, се наведува во соопштението.

Инаку, на распишаниот јавен повик пристигнале 9 апликации,а Одборот едногласно ја избрал таа на Пренда.

Гевгелија за оваа година е град на културата во државата, а одлуката ја соопшти министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на 6 минатиот месец.рт/сст/

Фото: Општина Гевгелија

Остани поврзан