• недела, 24 ноември 2024

Избраните најдобрите творби на конкурсот за најдобра необјавена песна за деца и возрасни на литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ Тетово

Избраните најдобрите творби на конкурсот за најдобра необјавена песна за деца и возрасни на литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ Тетово

Тетово, 15 јануари 2021 (МИА) - Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ“ при Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово ги објави победниците на конкурсот за најдобра необјавена песна за деца и возрасни. За најдобра песна во категорија на деца е избрана Силвана Крстовска од тетовско Подбреѓе со „Годишните времиња“, додека кај возрасните прва награда ја доби песната „Зорица“ од авторот Атанас Крлевски од Велес.

- Многу сме задоволни од одзивот, имаше рекорден број на 475 пријавени автори од цела Македонија, порано сме имале 300 до 400 песни. Комисијата скоро цела недела работеше на одлуката за избор на најдобрите песни. Може да кажеме дека имавме многу квалитетни творби и многу добри автори, како и ученици кои организирано се јавија, но и познати поети и писатели. Освен награди за првите места, кај возрасните се доделуваат и две награди за второ место, три за трето мести и пет песни се пофалени. Во категоријата за деца има три награди за второ место, пет награди за трето место и девет пофалени песни. Годинава имаме и пофалница вон категорија за расказот на Михаела Младеновска од скопско Бардовци, информира денес Мирко Видоески, претседател на Клубот.

За изборот на најдбрите песни одлучувала тричлена комисија составена од претседателот Владимир Кочовски, писател и книжевник, како и членовите Марина Даниловска, професор по македонски јазик на Универзитетот во Тетово и Веле Коцески, писател.

- Друга карактеристика е што имавме голем број на автори од други националности кои пишувале на македонски јазик. Поради пандемијата нема да се одржи манифестација, а наградените наградите ќе може да ги подигнат во Центарот за култура од 25 јануари до 31 март 2021 секој работен ден од 9 до 14 часот. Наградените ќе добијат дипломи и книги, а благодарници имаме за издавачките куќи „Матица Македонска“ и „Или-или“ кои ни донираат секоја години книги за наградените, истакна Видоески.

Темата беше слободна, а поради пандемијата рокот до 25 декември беше продолжен за 15 дена. ас/свс/

Остани поврзан