• четврток, 26 декември 2024

Избрана поротата за судењето на полицаецот одговорен за смртта на Џорџ Флојд 

Избрана поротата за судењето на полицаецот одговорен за смртта на Џорџ Флојд 

Вашингтон, 23 март 2020 (МИА) - Порота од 15 членови е одбрана за судењето на поранешениот полицаец од Минеаполис, Дерек Шовин одговорен за смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, што предизвика бран од масовни протести низ САД во 2020 година. 

Судењето е закажно да започне на 29 март. 

Поротата беше избрана по двонеделна процедура, а биле разгледувани над 100 кандидати. Од петнаесетмината поротници, 12 се редовни, двајца резервни, а еден може да биде ослободен кога ќе започне судењето ако останатите остануваат на местото.

Полицаецот Дерек Шовин е обвинет за убиството на Флојд, што се случи лани на 25 мај, откако Шовин го приклешти со своето колено вратот на Флојд во траење од околу девет минути. Сцената фатена на видео, предизвика насилни улични протести во Минеаполис кои летоска се проширија низ целата замја и низ светот. кб/ми/ 

Остани поврзан