• сабота, 23 ноември 2024

Изборниот штаб на Трамп уверен во победа во шест од седум клучни држави

Изборниот штаб на Трамп уверен во победа во шест од седум клучни држави

Вашингтон, 4 ноември 2024 (МИА) – Луѓето околу Трамп тврдат дека поранешниот претседател ќе освои шест од седумте клучни држави, јави Би-Би-Си додавајќи дека тоа можеби е причината зошто Харис одржува митинзи таму каде што Трамп обично не победува.

Трамп во петокот одржа митинг во Вирџинија, држава каде што загуби со голема разлика во 2016 и 2020 година. Неговиот потпретседателски кандидат Џеј-Ди Венс вчера застана во Њу Хемпшир, држава за која советниците на Трамп велат дека е „во игра“ и покрај фактот што анкетите покажуваат дека Камала Харис таму води со неколку процентни поени.

Најновата анкета на Њујорк Тајмс сугерира дека станува збор за мртва трка. Речиси секоја т.н Свинг државата е во рамките на маргината на грешка, а новата анкета во Ајова, каде Трамп победи во 2016 и 2020 година, покажува дека Харис таму можеби има неочекувано водство.

Извор од изборниот штаб на Трамп ја нарече анкетата во Ајова чудна и збунувачка. Се чини дека тоа не им го наруши нивното верување дека таму победуваат, коментира Би-Би-Си. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан