• четврток, 26 декември 2024

Изборниот ден неработен за сите граѓани

Изборниот ден неработен за сите граѓани

Скопје, 8 мај 2024 2024 (МИА) – Поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани во Република Северна Македонија.

Работодавачите не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.

Поради првиот круг од претседателските избори, неработен беше и 24 април. Според одлуката на техниката Влада, двата неработни дена нема да се одработуваат.

Во деновите на изборите, 24 април и 8 мај, не работат ниту училиштата. Со одлука на МОН, наставата од овие денови ќе се надомести во работни денови. мд/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан