• четврток, 26 декември 2024

Избори 2024/ Адеми: Почна собирањето потписи за Бујар Османи

Избори 2024/ Адеми: Почна собирањето потписи за Бујар Османи

Скопје, 23 февруари 2024 (МИА) - Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбр Адеми на денешната прес-конференција информира дека неговата партија почна со собирањето на потписи за претседателскиот кандидат Бујар Османи. Тој нагласи дека условот на ДУИ за коалицирање ќе биде промена на Уставот и претседател да се бира во Собрание.

-ДУИ како што најави лидерот Али Ахмети, започна со собирање на потписи за Бујар Османи за кандидат за претседател на нашата земја. По прв премиер Албанец, министерот за надворешни работи, тој за одбрана, државните правобранители, Народниот правобранител, претседателите на Уставниот, Управниот и Врховниот суд, претседателите на боречка, фудбалска, боксерска федерација, правобранители – дојде време да го отвориме патот и претседателот на биде Албанец. Сржта на идејата на лидерот Али Ахмети е претседател да се бира во Собрание, со двотретинско мнозинство на гласови и Бадинтер, за да се обезбеди општествен, надпартиски консензус, за да се овозможи со над 80 гласови и да се спречи техничкото надгласување само од двете поголеми македонски политички партии. Ова ќе биде ставот на ДУИ и за вториот изборен круг, и за парламентарните избори и тоа ќе го постигнеме. Само со гласање на најсилната албанска партија ќе се постигне ова, додаде Адеми.

Тој нагласи дека „дериватите“ на ДУИ, „предводени од разрешениот претседател на Алијанса за Албанците“, ја копирале целта на лидерот на партија Али Ахмети искажана на Вториот конгрес на партијата одржан во Скопје во 2009 година, претседателот на државата да се избира во Собранието со двотретинско мнозинство и според Бадентеровиот принцип, со цел да се обезбеди општествен, натпартиски консензус. 

На новинарско прашање дали ДУИ очекува за Османи да добие гласови и од неалбански средини, како на пример во едно Пехчево во источниот дел на Македонија, Адеми рече дека очекува поддршка од сите граѓани.

-Секако дека очекуваме. Кандидатот д-р Бујар Османи во моментов се наоѓа во Обединетите нации каде ги застапува интересите на државата и ги претставува сите граѓани без оглед на нивниот етнички, културен, социјален, образовен бекградунд. Така што, и како претседател на државата бараме поддршка на Албанците и сите граѓани. Секако дека ќе имаме контакти и комуникација со сите граѓани, рече Адеми.

На новинарско прашање дали  ДУИ ќе го бојкотира вториот круг на претседателските избори доколку нивниот кандидат не помине, Адеми одговори дека бојкотот не е соодветно средство.

Адеми рече дека ДУИ е во добра комуникација со претседателот Стево Педнаровски. фф/ев/

Фото: Принтскрин од видео

Остани поврзан