ИЗБОРИ 2024/Максим Димитриевски кандидат за претседател на ЗНАМ
- Максим Димитриевски ќе биде кандидат за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, соопшти денеска партискиот портпарол Никола Мемов.
Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) - Максим Димитриевски ќе биде кандидат за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, соопшти денеска партискиот портпарол Никола Мемов.
Како што соопшти Мемов на прес-конференција, од утре почнува постапката за собирање потписи.
Според него, граѓаните првпат ќе имаат можност да гласаат за одредена опција, а не како досега, да гласаат против.
-Очекуваме победа. Нашата анализа покажува дека Димитриевски ќе влезе во вториот круг, за потоа да имаме и конечна победа. Ги повикуваме граѓаните да ја поддржат кандидатурата на Димитриевски во општинските канцеларии на ДИК, нагласи Мемов.
Тој информира дека по завршената внатрепартиска постапка, Извршниот одбор донел одлука да му предложи на првиот Конгрес Димитриевски да биде кандидат за претседател на државата.
-На Македонија и е потребен татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата. На Македонија и е потребна предвидливост, надеж, стабилност, сигурност, правда, иднина. На Македонија и е потребен претседател којшто ќе го даде максимумот за неа. На Македонија и е потребен Максим Димитриевски, рече Мемов. мч/са/
Фото: МИА