• среда, 25 декември 2024

Избори за член на Советот на јавни обвинители од подрачјето на Вишото јавно овинителство Битола

Избори за член на Советот на јавни обвинители од подрачјето на Вишото јавно овинителство Битола

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) - Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, денеска со почеток од 10 часот во изборното место 1 во Битола ќе спроведе избори за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишо јавно обвинителство Битола.

Како што информираат од Советот, единствена пријавена кандидатка која воедно ги исполнувала условите е основната јавна обвинителка од ОЈО Прилеп, Маријана Илиевска.

Избирачкиот список го сочинуваат 22 обвинители од изборното место 1, а за изборот не е потребен цензус.

Гласачкото место се затвара во 16:00 часот. ар/дма/


Фото: МИА архива 

Остани поврзан