• четврток, 26 декември 2024

Избори за локалниот парламент на германската покраина Долна Саксонија

Избори за локалниот парламент на германската покраина Долна Саксонија
Берлин, 9 октомври 2022 (МИА) - Во германската покраина Долна Саксонија денеска се одржуваат избори за локалниот парламент. Право на глас во овој северозападен регион од земјата имаат 6,1 милион гласачи. Досега во парламентот доминираше коалицијата меѓу Социјалдемократската партија и Христијанско-демократската унија. Според анкетите меѓу 31 и 33 отсто би требало да освојат социјалдемократите, а демохристијаните 28 отсто. На трето место се зелените со 16 проценти. Како што пренесуваат странските агенции, изборите се гледаат како тест за германскиот канцелар Олаф Шолц и неговата партија и доаѓаат во време на високи цени на енергијата и суровините, со прогноза за рецесија за следната година. паг/  

Остани поврзан