• среда, 25 декември 2024

ИД презеде одговорност за нападите во Авганистан

ИД презеде одговорност за нападите во Авганистан
Кабул, 19 септември 2021 (МИА) - Исламска држава презеде денеска одговорност за серијата бомбашки напади во авганистанскиот град Џалалабад, објавија западните медиуми, повикувајќи се на новинската агенција Амак њуз, која е поврзана со терористичката група. Амак њуз го пренесе соопштението на ИД на каналот на таа исламистичка група на социјалната мрежа Телеграм. - Повеќе од 35 припадници на талибанската милиција се убиени или повредени при експлозиите, наведе терористичката организација, посочувајќи на нападите кои се извршени вчера и денеска. Засега нема коментари од талибанска страна за бројот на жртвите. гт/

Остани поврзан