• сабота, 23 ноември 2024

ИДФ: Цел на нападот во Кан Јунис беа тројца високи претставници на Хамас

ИДФ: Цел на нападот во Кан Јунис беа тројца високи претставници на Хамас

Тел Авив, 10 септември 2024 (МИА) - Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека цел на нападот на областа Ал Маваси во Кан Јунис биле тројца високи функционери на Хамас кои биле таму.

„Цели на ноќниот воздушен напад врз хуманитарната зона одредена од Израел во јужна Газа беа тројца високи оперативци на Хамас“, соопшти ИДФ, пренесува Тајмс оф Израел.

Според армијата, станува збор за шефот на воздухопловните сили на Хамас, Самер Исмаил Кадер Абу Дака, шефот на надзорот во разузнавачкиот оддел на Хамас, Осама Табаш и уште еден висок офицер на групата, Ајман Мабхух.

„Сите тројца беа директно вклучени во масакрот на 7 октомври и во други напади врз војниците во Газа и Израел во последните месеци“, соопшти ИДФ.

Хамас тврди дека во синоќешниот напад на кампот загинале 40 лица, а 60 се повредени, што ИДФ го негира, наведувајќи дека тоа се „лажни бројки и дека не се во согласност со информациите што ги поседува армијата“. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан