• среда, 20 ноември 2024

ИДФ соопшти дека го уништила најголемиот тунел на Хамас во Појасот Газа

ИДФ соопшти дека го уништила најголемиот тунел на Хамас во Појасот Газа

Тел Авив, 5 март 2024 (МИА) - Израелската армија соопшти дека го уништила најголемиот досега откриен тунел на Хамас во Појасот Газа, јави ДПА.

Тунелот со неколку краци, што беше пронајден на север од крајбрежната енклава кон средината на декември минатата година, беше уништен во последните недели, соопшти денеска ИДФ, пренесена од германската агенција.

Армијата објави и видео снимки на кои се гледа како делови од тунелот се разнесуваат и војниците фрлаат бетон на други негови делови. 

ДПА наведува дека оваа информација не можеше да добие независна потврда.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија низ тунелот можеле да минуваат возила, а самиот имал должина од четири километри и бил на длабочина од 50 метри.

Тунелскиот систем се наоѓал на 400 метри од граничниот премин Ерез, меѓу Израел и Газа, но не се наоѓаше на израелска територија, соопшти ИДФ. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан