• среда, 25 декември 2024

ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут

ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут

Бејрут, 5 октомври 2024 (МИА) - Либанското милитантно движење Хезболах утринава соопшти дека продолжуваат борбите против израелските сили на границата, а сведоци од Бејрут јавуваат дека во либанскиот главен град повторно се слушаат експлозии.

Британските медиуми го цитираат милитантното движење кое утринава објави дека ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј и дека во тек се жестоки борби.

Сведоци од либанската престолнина изјавија дека рано утринава се слушнале силни експлозии во јужните предградија.

Израел претходно издаде три предупредувања до жителите веднаш да ги напуштат тие делови на Бејрут.сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан