• четврток, 05 март 2026

ИДФ погодил повеќе од 250 цели во Либан откако во понеделникот Хезболах се вклучи во конфликтот

ИДФ погодил повеќе од 250 цели во Либан откако во понеделникот Хезболах се вклучи во конфликтот

Тел Авив/ Бејрут, 4 март 2026 (МИА) - Откако во понеделникот Хезболах се приклучи во конфликтот во Блискиот Исток ИДФ нападна над 250 цели во Либан, вклучувајќи 100 само во текот на изминатиот ден, наведе израелската војска.

ИДФ наведува дека цели биле високи терористички оперативци, ракетни лансери, складишта за оружје и штабови што им припаѓаат на Хезболах и други терористички групи.

Во текот на ноќта, ИДФ нападна команден центар на Хезболах во областа Набатија, како и други локации што им припаѓаат на терористичката група во јужен Либан.

Ракетен фрлач што Хезболах го користел за истрелување ракети кон Тел Авив и Хаифа синоќа бил уништен само еден час по нападот, додаде ИДФ.

Проценките се дека околу 300.000 либански цивили ги евакуирале своите села во јужен Либан откако ИДФ им наредил да заминат. ИДФ во текот на изминатата ноќ издаде предупредување за евакуација на уште 16  села во јужен Либан.сд/јт/

Фото:МИА архива

Остани поврзан