• среда, 25 декември 2024

ИДФ од ноќеска почна нова копнена операција во Џабалија, на северот на Газа

ИДФ од ноќеска почна нова копнена операција во Џабалија, на северот на Газа

Тел Авив, 6 октомври 2024 (МИА) - Израелската армија соопшти дека синоќа започнала нова копнена операција во областа Џабалија, на северот од Појасот Газа, јавија француските медиуми.

И покрај повеќемесечните жестоки воздушни напади, се верува дека палестински Хамас повторно ги зајакна своите борбени редови.

„Војниците од 401-та и 406-та бригада успеаја да ја опколат областа и во моментов ги продолжуваат операциите во секторот“, соопшти утринава армијата, пренесена од француските медиуми.

Израелските медиуми пренесуваат дека на оваа нова копнена операцијата и претходеле многу разузнавачки информации за оперативците и инфраструктурата на Хамас во Џабалија, каде биле забележени напори за прегрупирање на припадниците на екстремистичката организација.

Војниците на ИДФ влегоа во областа со поддршка на воздушни напади и артилериско гранатирање, гаѓајќи ги бројните локации на Хамас во Џабалија, вклучувајќи складишта за оружје, тунели, оперативни групи и друга инфраструктура.

Армијата најавува дека и оваа операција ќе продолжи се додека не се постигнат зацртаните цели.

Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека ја проширува хуманитарната зона во јужниот дел на Газа како дел од подготовките за евакуација на цивилите од целиот северен дел на палестинската територија

Војската печати мапи за палестинските цивили за да ги обележи потенцијалните области за евакуација.

Покрај тоа, таа објави дека отвора две рути за евакуација за Палестинците долж патот Салах ал-Дин и покрај брегот на Средоземното Море. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан