• среда, 13 ноември 2024

ИДФ и Шин Бет: Во воздушни напади во Либан убиени двајца команданти на Хамас

ИДФ и Шин Бет: Во воздушни напади во Либан убиени двајца команданти на Хамас

Тел Авив, 5 октомври 2024 (МИА) - Израелската војска (ИДФ) и израелската безбедносна агенција Шин Бет денеска во заедничко соопштение соопштија дека двајца високи команданти на Хамас се убиени во израелските воздушни напади во Либан.

Првиот напад, извршен во текот на ноќта врз бегалскиот камп Бедави, во близина на градот Триполи на северот на Либан, беше насочен кон ликвидација на Саид Аталах Али, пренесува „Тајмс оф Израел“. Во официјалното соопштение на ИДФ и Шин Бет се наведува дека Али организирал терористички напади против Израел и работел на регрутирање нови членови на Хамас во Либан.

Вториот израелски напад, кој се случи утрово во близина на градот Саднајел во долината Бека, беше насочен кон Мохамед Хусеин ал-Лавис, кој исто така е ликвидиран. Според соопштението на ИДФ и Шин Бет, ал-Лавис бил претставник на „извршната власт на Хамас во Либан“ и наводно ги координирал терористичките напади на Западниот Брег. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан