• четврток, 26 декември 2024

ИДФ: Жителите на Газа треба да се упатат на југ од енклавата меѓу 10 и 16 часот по локално време

ИДФ: Жителите на Газа треба да се упатат на југ од енклавата меѓу 10 и 16 часот по локално време

Газа, 14 октомври 2023 (МИА) - Израелската армија им порача на цивилите кои живеат во северниот дел на Појасот Газа денеска да користат два патни правци за да се упатат кон југ, изјави портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае.

Во изјавата објавена на арапски јазик на социјалната мрежа Х, портпаролот Адрае наведува дека двете рути може да се користат без никаква опасност меѓу 10 и 16 часот по локално време.

На оние кои живеат во градот Газа им беше препорачано да се преселат јужно од Беит Ханун до Кан Јунис, пред можната копнена офанзива од страна на израелската армија.

„На луѓето кои живеат во близина на плажата и западно од Олива ќе им биде дозволено да се движат по улиците Далдул и Ал-Сана кон Салах Ал-Дин и Ал-Бахр“, додаде Адрае.сд/

фото:МИА архива

 

Остани поврзан