ИДФ го нападна Појасот Газа по ракета, наводно, истрелана од енклавата
- Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека извршиле напад врз централниот дел на Појасот Газа од каде, како што тврдат, претходно била истрелана ракета.

Тел Авив, 13 февруари 2025 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека извршиле напад врз централниот дел на Појасот Газа од каде, како што тврдат, претходно била истрелана ракета.
Во соопштението се наведува дека е погоден фрлач што се користел за истрелување ракета од Појасот Газа.
Израелска ракета убила тинејџер, јавуваат медиумите.
Палестинското движење Хамас најави претходно денеска дека ќе ги ослободи израелските заложници според планираното, што треба да го реши спорот што се закануваше да го попречи примирјето во Појасот Газа.
Израел, наводно, претходно испратил порака до Хамас преку посредниците, Египет и Катар, дека договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците ќе опстане доколку групата ослободи уште тројца заложници в сабота.
Хамас претходно оваа недела се закани дека ќе го одложи ослободувањето на заложниците до понатамошно известување бидејќи Израел го прекршил договорот за прекин на огнот. мс/
фото: ЕПА