• среда, 13 ноември 2024

ИДФ ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа

ИДФ ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа

Џабалија, 19 мај 2024 (МИА) - Израелската армија ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија.

Портпаролот на Израелските безбедносни сили (ИДФ) на арапски јазик, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во засолништа западно од градот Газа, пишува „Tајмс оф Израел“.

Минатиот викенд, ИДФ издаде предупредување за евакуација на градот Џабалија, пред да биде извршен нападот.

Оттогаш, армијата двапати ја прошири зоната за евакуација, а најновата најава ги вклучува областите Ал-Ататра и Ал-Карам во Појасот Газа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан