• петок, 28 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ИДФ:  Во напад со дрон убиен член на Хезболах во јужен Либан

ИДФ:  Во напад со дрон убиен член на Хезболах во јужен Либан

Бејрут, 15 март 2025 (МИА) - Израел денеска соопшти дека убил член на Хезболах во напад со беспилотно летало врз селото Борџ ел-Мулк во јужен Либан.

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека убиениот член на Хезболах бил активен во пограничното село Кфар Кила.

Државната национална новинска агенција не даде повеќе детали за нападот.

Воздушниот напад беше последен во бранот такви напади откако на крајот на ноември стапи на сила примирјето со посредство на САД, со што заврши 14-месечната војна меѓу Израел и Хезболах.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан