Идниот германски канцелар Мерц отворен за испраќање проектили „Таурус“ во Украина
- Идниот нов германски канцелар Фридрих Мерц во интервју за јавниот сервис АРД се осврна на давање проектили со долг дострел „Таурус“ на Украина.

Берлин, 14 април 2025 (МИА) - Идниот нов германски канцелар Фридрих Мерц во интервју за јавниот сервис АРД се осврна на давање проектили со долг дострел „Таурус“ на Украина.
„Не верувам дека рускиот претседател Владимир Путин ќе одговори позитивно на какви било знаци на слабост или мировни понуди. Тој мора да ја препознае залудноста на оваа војна“, рече Мерц, потврдувајќи го предизборното ветување за испорака на ракети „Таурус“.
Конзервативниот лидер тврдеше дека обезбедувањето на Украина со напредни системи за оружје може да му овозможи на Киев да ги наруши линиите за снабдување на руската војска, особено од Крим.
Тој додаде дека западните воени испораки ќе ги подобрат способностите на Украина за одвраќање и ќе ја зајакнат нејзината позиција во идните мировни преговори со Москва.
„Секогаш сум велел дека тоа ќе го направам само во координација со нашите европски партнери“, рече Мерц.
Тој изјави дека европските партнери веќе испорачуваат крстосувачки ракети. рп/
Фото: МИА архива