• среда, 18 декември 2024

Иднината на Лаказет во Арсенал ќе биде одредена налето

Иднината на Лаказет во Арсенал ќе биде одредена налето
Лондон, 4 јануари 2021 (МИА) – Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека иднината на напаѓачот на „топчиите“, Александре Лаказета, во тимот ќе биде одредена налето. - Сè уште не разговаравме за ништо во врска со продолжување на неговиот договор или трансфер. Среќен сум со начинот на кој игра и постигнува погодоци. Лаказет е во одлична форма. Налето ќе разговараме и ќе донесеме одлука за тоа, изјави Артета. Во сезоната 2020/2021, Лаказет забележа 19 настапи за Арсенал, постигнувајќи 9 гола. Дваесет и деветгодишниот Французин има договор со клубот до крајот на јуни 2022 година. зс/

Остани поврзан