• сабота, 23 ноември 2024

Идентификувана жената која испрати писмо со отров доТрамп

Идентификувана жената која испрати писмо со отров доТрамп
Вашингтон, 20 септември 2020 (МИА) - Полицијата ја идентификува жената која испрати писмо до претседателот на САД, Доналд Трамп, во кое се наоѓаше смртоносниот отров рицин. Писмото најверојатно испратено од Канада, вчера беше пресретнато од американската полиција, која не откри повеќе детали за испраќачот. - Федералното истражно биро и нашите соработници од американските разузнавачки служби и служби за контрола на поштата го анализираат сомнителното писмо. Во овој момент нема навестување дека е загрозена јавната безбедност, се наведува во соопштението на ФБИ. Рицинот природно се наоѓа во рицинусовите зрна, но со посебна постапка се претвора во биолошко оружје. Рицинот може да предизвика смрт во рок од 36 до 72 часа и не постои познат противотров. ми/

Остани поврзан