• петок, 26 јули 2024

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја


Париз, 26 јули 2024 (МИА) – Организаторите на 33. Олимписки игри во Париз официјално објавија дека е соборен досегашниот рекорд според продадени билети во историјата на Игрите.
Ден пред вечерашното свечено отворање, организаторите соопштија дека досега се продадени и поделени вкупно 9,7 милиони билети. Од нив, 8,7 милиони се продадени, а еден милион се доделени главно за лица со посебни потреби, спортски ентузијасти и помладата популација.
Организаторите решија да доделат билети по бројните критики дека цените на билетите се превисоки за многумина.
Претходниот рекорд според бројот на продадени билети го држеше Атланта во 1996 година, кога беа продадени 8,3 милиони влезници.
Организаторите додадоа дека сè уште има билети во продажба.
За Игрите во Париз кои ќе траат до 11 август во продажба се пуштени нешто повеќе од 10 милиони влезници. ег ФОТО: Принтскрин

Остани поврзан