• петок, 27 декември 2024

Играч на Мајами хит заразен со коронавирус

Играч на Мајами хит заразен со коронавирус
Мајами, 25 јуни 2020 (МИА) - Крилниот играч на Мајами Хит, Дерик Џонс Џуниор е новиот играч во НБА лигата кој е позитивен на КОВИД-19, изјавија извори од Лигата за „Сан Сентинел“. Така, се зголемил бројот на заразени лица, откако позитивни беа примероците на Никола Јокиќ, Малком Брогден, Бади Хилд, Алекс Лен, Џабари Паркер и уште двајца играчи на Феникс. Според изворот, Џонс не покажал никакви симптоми и се чувствувал добро. Според упатствата утврдени од НБА, играч со позитивен тест мора да се изолира, не треба да продолжи со тренинзите со тимот најмалку две недели од првиот ПЦР тест, или додека неговата состојба не се подобрува значително. Се очекува актуелниот шампион на натпреварот за забивање да биде достапен да патува за својот тим во Орландо на 9 јули.

Тагови

Остани поврзан