• четврток, 26 декември 2024

Играчите на Тотенхем, Лорис и Сон, прво ќе се тепаа, потоа се гушкаа

Играчите на Тотенхем, Лорис и Сон, прво ќе се тепаа, потоа се гушкаа
Лондон, 7 јули 2020 (МИА) – По првото полувреме од натпреварот од 33. коло во Премиер лигата меѓу Тотенхем - Евертон, голманот на „Спарси“ Хуго Лорис тргна да го нападне својот тимски колега Сон Хјунг-Мин. Инцидентот се случи на стадионот на Тотенхем кога 33-годишната Лорис се стрча кон 27-годишниот Сон, викајќи и гестикулирајќи нешто. Кореецот му одговори, по што францускиот голман „збесна“. Другите фудбалери на Тотенхем спречија физички контакт и се остана на вербални закани. Најверојатно двајцата добиле „лекција“ од тренерот Жозе Мурињо, па пред почетокот на второто полувреме Лорис и Сон покажаа дека се смирени. зс/

Тагови

Остани поврзан