• петок, 27 декември 2024

Играчите го „минираа“, загуби два натпревари и доби отказ

Играчите го „минираа“, загуби два натпревари и доби отказ
Мајнц, 2 септември 2020 (МИА) - Фудбалскиот клуб Мајнц го замени тренерот Ахим Бајерлорцер откако клубот ги загуби првите два натпревари во новата сезона во Бундеслигата. Мајнц изјави дека сегашниот помошник тренер Јан-Мориц Лихте ќе го води тимот во наредниот период. Со одлуката на клубот да го смени тренерот заврши бурната недела во Мајнц, во текот на која играчите престанаа да тренираат откако напаѓачот Адам Салаи беше суспендиран и откако му беше кажано да бара нов клуб. - Разочаран сум од одлуката на клубот. Сепак, на Мајнц и на тимот им посакувам се најдобро во иднина, изјави Бајерлорцер. Тој исто така рече дека ја разбираат солидарноста на играчите кон своите соиграчи, но посочи дека нивното одбивање да тренираат е „сосема друга работа“. Бајерлорцер седна на клупата на Мајнц во ноември минатата година и минатата сезона го водеше тимот на 13-то место на табелата. Во првото коло од новата сезона, Мајнц загуби од Лајпциг со 3:1, а во саботата претрпе нов тежок пораз, против Штутгарт со 4:1. Баер Леверкузен е вториот тренер во Бундеслигата кој е сменет од почетокот на сезоната, откако Шалке го отпушти тренерот Давид Вагнер во неделата по 18 натпревари без победа.

Тагови

Остани поврзан