• недела, 24 ноември 2024

Игор Филков – министер за правда 

Игор Филков – министер за правда 

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) – Игор Филков, кој во новата Влада ќе биде министер за правда, е роден во Скопје на 7 јуни 1979 година.

Дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Филков е член на Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ – „За Наша Македонија“.

Од 2017 до 2024 година работи како управител, приватен сопственик, на „Спектрум Медикал“ Скопје. Претходно работел како консултант, а во периодот од 2004 до 2007 година е надворешен соработник на Проект на ФАО – Канцеларија Скопје (UN Food and Agriculture Organisation). Од 1993 до 2007 година бил вработен во локалната канцеларија во Македонија за Косово на НВО Солидаритес.

Во неговата биографија приложена до Собранието стои дека од компјутерски вештини познава Windows enviroments, Microsoft Advanced Office Pro Sertificate, Internet Research, Email Operative System, Project, Visio... Зборува македонски како мајчин јазик, а од странски јазици познава англиски. аа/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан