• среда, 25 декември 2024

Игор Стефановски Иџе доби симболично признание од Општина Кисела Вода

Игор Стефановски Иџе доби симболично признание од Општина Кисела Вода

Скопје, 30 август 2022 (МИА) - Најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки Игор Стефановски Иџе денеска од градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски доби симболично признание - клучот од Кисела Вода кој Општината го доделува на најзаслужните за нејзината и афирмацијата на Северна Македонија.

Како што информираат од општината, во АКК „Стефановски“ градоначалникот Ѓорѓиевски и автомобилистот Стефановски дискутирале на повеќе теми.

- Пред сè, за големите трки кои му следат и претстојната трка во Словенија. Имено, Иџе, кој е двократен победник на Европското првенство на ридски патеки, во 2014 и 2015 година, моментално се натпреварува на европскиот шампионат на ридско-брзински патеки. Пред десетина дена прослави убедлива победа со своето „Хјундаи“ во Група 3 и постави рекорд во Швајцарија. На две трки до крајот на сезоната тој е многу блиску до обрана на титулата, стои во соопштението од Општината.

Дополнуваат дека се дискутирало и за можностите за развој на автомобилизмот на локално и на државно ниво, како и за приближувањето на овој спорт до младата популација. ар/са/

Остани поврзан