• петок, 27 декември 2024

Иван Стоиљковиќ - вицепремиер за односи меѓу заедниците

Иван Стоиљковиќ - вицепремиер за односи меѓу заедниците

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) - Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите, кој на предлог на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде вицепремиер за односи меѓу заедниците е роден на 15 февруари 1962 година.

Стоиљковиќ е дипломиран правник, а своето високо образование го завршил на Правниот факултет во Скопје, при Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ на политичко – управна насока. 

Како мајчини јазици ги има наведено македонски и српски, а од странски јазици вели дека има основно познавање на англиски јазик.

Од дигитални вештини располага со Microsoft 365.

Во неговата биографија стои дека од 2001 до 2019 година ја извршувал функцијата претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија е од 2002 година и тековно.

Претходно, бил основач и директор на Градежно претпријатие „LAMAX CO“ и претседател на Младински совет во Куманово.

Во својата биографија, Стоиљковиќ наведува дека има повеќе авторски текстови, како и бројни придонеси кон српската заедница во државава. Има неколку благодарници и сертификати, а учествувал и на повеќе конференции. ар/дма/

Фото: Собрание

Остани поврзан