• сабота, 23 ноември 2024

Ивановски постави нов македонски рекорд на 5 000 метри

Ивановски постави нов македонски рекорд на 5 000 метри
Оран, 3 јули 2022 (МИА) – Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски на трката на 5 000 метри на Медитеранските игри во Оран, денес постави нов македонски рекорд. Тој патеката ја истрча со време 13:54:58 минути го освои 8. Место во конкуренција на 12 натпреварувачи. - Честитки Дарио, нов рекорд, нов доказ за извонредната форма, квалитетен тренинг, добар тренажен процес и веруваме дека Олимпискиот стипендист на МОК ќе биде уште подобар во периодот кој доаѓа и во кој ќе избори резултат за учество на Олимпијадата во Париз 2024 година, стои во честитката од МОК. На Игрите во Алжир, денес таеквондистот Дејан Георгиевски освои бронзен медал и го донесе третото одличје на македонската репрезентација. Претходно, борачите Нуров и Егоров освоија, златен, односно бронзен медал. зс/

Остани поврзан