• среда, 25 декември 2024

Ивановски запрен во второто коло на Челинџерот во Јокохама

Ивановски запрен во второто коло на Челинџерот во Јокохама

Јокохама, 23 ноември 2023 (МИА) - Македонскиот тенисер Калин Ивановски го заврши настапот на Челинџер 75 турнирот во Јокохама, Јапонија што се игра за награден фонд од 80.000 долари.

Ивановски рано утрово во осминафиналето загуби од шестиот носител Лука Нарди од Италија со 2:0, по сетови 6:2 и 6:4 за 1 час и 16 минути игра.

За трите победи и учеството во квалификациите и во осминафиналето македонскиот тенисер ќе освои 11 поени, а тоа значи и напредување на ранг листата, која ќе биде објавена во понеделник.

Ивановски во мечот имаше два брејка од пет можности, додека неговиот ривал направи пет брејка од девет шанси. Двајцата тенисери имаа по три двојни сервис грешки, додека Ивановски имаше четири ас сервиси, а Нардитри.

Во текот на следната недела најдобриот македонскиот тенисер го очекува настап на уште еден челинџер турнир во Јапонија, во градот Јакаичи. И на овој турнир Ивановски ќе стартува од квалификациите. зс/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан