• понеделник, 23 декември 2024

Ивановска: Навреме да се избере новиот состав на Антикорупциска

Ивановска: Навреме да се избере новиот состав на Антикорупциска

Скопје, 11 октомври 2023 (МИА) - Мандатот на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата истекува на 7 февруари, а апретседателката на Комисијата Билјана Ивановска апелира Собранието навреме да го распише огласот и да се изберат новите членови бидејќи следната година е изборна. 

Ивановска за Топ Тема на ТВ Телма најави дека годишниот извештај за нивната работа ќе го достават до Собранието до крајот на јануари. 

Најболните точки во работата на актулениот состав на ДКСК, според неа, се неспроведувањето на националната програма и на препораките испратени до државните институции. ев/

ФОТО: Телма 

Остани поврзан