• сабота, 23 ноември 2024

Ивановска: Борбата со корупција во земјава не е подобрена

Ивановска: Борбата со корупција во земјава не е подобрена

Скопје, 10 септември 2023 (МИА) - Состојбата со борбата со корупција во земјава не е подобрена, напротив институциите само 10 проценти преземале мерки за намалување на ризиците, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска.

Во интервју за Радио Слободна Европа, Ивановска посочува дека е незадоволна од досега преземените мерки, како и дека нема судска завршница на предметите поврзани со коруција.

Таа забележува на нискиот степен спроведени активности предвидени во акцискиот план на Националната стратегија.

-За жал не можеме да констатираме дека имаме подобра состојба во државата односно дека сме напреднале во борбата. Како показатели како индикатори за сето ова се спроведените активности од институциите, а се предвидени во акцискиот план на Националната стратегија. Националната стратегија ја донесовме на еден инклузивен начин, беа вклучени самите институции кои сами даваа предлози како да се надминат ризиците од корупција. По донесување на Националната стратегија остана институциите да преземат мерки. Во 2021 година преземени се само 20 проценти , во 2022 година во овогодишниот извештај евидентирано е дека се преземени само 10 проценти. Ова укажува дека недостасува волја и капацитет, ама пред се волја, во самите институции да ги преземат активностите. Во вакви услови не можам да кажам дека состојбата е подобрена, напротив, вели Ивановска. дма/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан