Ибрахимовиќ реши каде ќе игра следната сезона
- Во наредните денови, 38-годишниот Швеѓанец ќе се согласи да продолжи да работи со клубот, кој целосно оживеа со неговото доаѓање во јануари 2020 година, пишува „Газета дело Спорт“.
Милано, 30 јули 2020 (МИА) - Златан Ибрахимовиќ реши - останува во Милано!
Во наредните денови, 38-годишниот Швеѓанец ќе се согласи да продолжи да работи со клубот, кој целосно оживеа со неговото доаѓање во јануари 2020 година, пишува „Газета дело Спорт“.
Неговиот тековен договор истекува на последниот ден во јули, а „росонерите“ ќе му понудат најмалку четири милиони евра по сезона. Ќе бидат вклучени и бонуси, во зависност од клупските резултати од следната сезона.
Златан оваа сезона има постигнато девет гола за Милан, а има и пет асистенции на 17 натпревари во Серија „А“.
Иако долго време се шпекулираше дека ќе си замине заради доаѓањето на Ралф Рангник, кој Милан би го конструирал без Златан, газдите на Милан го „откачија“ Германецот и го задржаа Пиоли, за кого Ибрахимовиќ е повеќе од клучен играч.