• недела, 06 октомври 2024

Ибрахимовиќ за Мбапе: Ме праша за совет, му реков дека би одел во Реал да сум на негово место

Ибрахимовиќ за Мбапе: Ме праша за совет, му реков дека би одел во Реал да сум на негово место
Париз, 22 јануари 2022 (МИА) – Шведскиот фудбалски интернационалец и член на Милан,  Златан Ибрахимовиќ го советувал Мбапе да се пресели во Реал Мадрид. - Мбапе дојде кај мене за совет. Му реков: „Да сум на твое место, би одел во Реал Мадрид“. Се зависи од тоа што сака Мбапе и што мисли. Да сум на негово место, би отишол во Реал Мадрид. Но, да сум во раководството на ПСЖ, ќе се обидам да го задржам. Тој ќе ја донесе одлуката, изјави Ибрахимовиќ во интервју за „L’Equipe“. Интерес за Мбапе покажуваат неколку врвни екипи. Во летниот трансфер период се шпекулираше дека кариерата ќе ја продолжи во Реал, но сепак остана во Пари Сен-Жермен. Французинот во неколку наврати изјавуваше дека има желба да заигра за Реал Мадрид. зс/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан