• четврток, 26 декември 2024

Ибраимовски: Скршено е стакло, фрлена неактивирана бомба, нема повредени

Ибраимовски: Скршено е стакло, фрлена неактивирана бомба, нема повредени

Тетово, 21 октомври 2024 (МИА) - Клубот Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) во Тетово е оштетен, скршено е стакло, па е фрлена неактивирана бомба и нема повредени луѓе, информираше партискиот претседател Самка Ибраимовски.

Според него, целиот настан е евидентиран преку камера која служи за видеонадзор.

- Ми се јави член на партија што го држи клубот, дека е фрлена бомба во нашиот клуб. Му реков да повика полиција, да дојдат на лице место. Стаклото беше скршено, а бомба ако се активира се знае ќе има поголема штета. За среќа и на мојот сопартиец, бомбата не беше активирана, беше тука пред врата. Не чепкавме ништо, дојде полицијата почна да истражува, работи на случајот, истакна Ибраимовски.

Тој смета дека ќе се најде сторителот затоа што бил снимен преку камера за видеонадзор.

- Веќе видеоснимки постојат, и ќе се најде лицето. Во 4:23 часот дошол тука, го скршил стаклото, ја фрлил бомбата. Имал храброст да се врати назад да види дали ја активирал или не. А нашиот активист зел метла, среќа негова што не почнал да мете. Би било страшна експлозија, се работи за бомба кашикара од постарите што има огромно разорно дејство. Полицијата работи на случајот. Мислам дека лицето ќе се види кој е како е и зошто е направено ова. Ние како политичка партија, имаме наш став, си тераме наша политика, немам никакви забелешки ниту сме се замериле со некого. Единствено со извршителите што го кажував, дали е тоа причината или нешто друго, тоа не можам да кажам, меѓутоа во скоро време ми ветија дека ќе го дознаеме, истакна Ибраимовски.

Екипа на СВР Тетово извршила увид, а фрлената неексплодирана бомба е подигната.ас/фф/

Фото: МИА/ ПЦЕР

Остани поврзан