• четврток, 19 декември 2024

Зума доброволно замина на издржување 15-месечна затворска казна

Зума доброволно замина на издржување 15-месечна затворска казна
Јоханесбург, 8 јули 2021 (МИА) - Поранешниот претседател на Јужна Африка, Џејкоб Зума доброволно се предаде на полицијата за да почне со издржување казна затвор во траење од 15 месеци поради непочитување на судот. После неколку дена неизвесност дали Зума доброволно ќе се предаде пред крајниот рок на полноќ, тој синоќа доброволно се пријави во последен момент за да започне со издржување на казната. Поранешниот јужноафрикански претседател беше осуден минатата недела затоа што не одговорил на поканата во февруари да сведочи за корупција за време на неговото деветгодишно владеење до 2018 година. На полицијата и беше наложено да го уапси Зума доколку тој не се предаде доброволно. Неколку стотици негови приврзаници, од кои некои вооружени, се собраа пред неговиот дом за да го спречат неговото притворање. На крајот, сепак, 79-годишниот Зума мирно и се предаде на полицијата. Поранешниот ветеран на Африканскиот национален конгрес беше затворен за време на режимот на апартхејдот, бидејќи се бореше за еднаквост на сите пред законот. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан