• сабота, 23 ноември 2024

ЗСР „Бабуна“ не изврши порибување по препорака на АХВ 

ЗСР „Бабуна“ не изврши порибување по препорака на АХВ 
Велес, 8 јануари 2021 (МИА) - Велешкото ЗСР „Бабуна“ не изврши порибување на реката Бабуна по препораката издадена од Агенцијата за храна и ветеринарство да не спроведува порибување поради вирусното заболување кај пастрмката. Заради тоа, купените 80 килограми пастрмка со кои требаше да се пориби реката Бабуна, пред новогодишните празници се пуштени во реката Тополка. По утврдувањето на болеста инфективна хематопоетска некроза кај пастрмките, АХВ нареди спроведување на заштитни и контролни мерки. Сите одгледувалишта каде е потврдено присуство на болеста се прогласени за одгледувалишта со високо ниво на ризик. Беа земени примероци од 49 одгледувалишта, а од нив, кај 18 беше потврдени присуство на болеста. Болеста е вирусно заболување, но, не е зооноза, односно, не е опасна по здравјето на луѓето. ад/оџ/    

Остани поврзан