• сабота, 27 јули 2024

Зошто Украина прибегна кон „присилна евакуација“ на жителите на Доњецк?

Зошто Украина прибегна кон „присилна евакуација“ на жителите на Доњецк?
7 август 2022 Ал Џазира Развојот на настаните во војната што беснее во регионот Доњецк во областа Донбас во источна Украина и нејзините последици, очигледно ги натераа властите во Киев да прогласат „присилна евакуација“ на жителите во делови од регионот под украинска контрола. Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека неговата влада наредила задолжителна евакуација на жителите во регионот Доњецк. Тој изјави дека стотици илјади луѓе сè уште се наоѓаат во борбени зони во широкиот регион Донбас, што го вклучува Доњецк, како и соседниот регион Луганск, па мора да си заминат. Станува збор за 200 до 220 илјада лица, меѓу кои и 53 илјади деца, тврди Ирина Верешчук, потпретседателка на Владата, задолжена за интеграција и окупирани подрачја. Наведената причина, според властите, е дека „не е можно да се обезбеди која било од основните потреби на населението со доаѓање на зимата, како греење на гас и струја“. Ова би можела да биде многу логична причина, особено затоа што изминатите денови Русите ја презедоа контролата над електраната „Вухлехирска“, што се смета за една од најголемите во Украина. Безбедносни причини Речиси еднакво важни безбедносни причини има зад изјавите и повиците на Киев, а украинскиот претседател Володимир Зеленски, тамошната ситуација ја опишува како „вистински пекол“. Според мислењето на многумина, регионот го чека незапаметена ескалација и судбина слична на онаа на градовите што станаа урнатини. Ситуацијата за Русите нема да биде лесна во Доњецк, без оглед на тоа што опкружуваат околу 50 отсто од територијата на регионот, што е под контрола на Украина, тврди воениот аналитичар Владислав Витко за Ал Џазира. - Околностите на војната се променија, а Украина им задава болни удари на Русите на разни фронтови, таргетирајќи командни центри, складишта за муниција и позиции каде се групирани силите, поради тоа забележуваме оти многу бавно напредуваат. Всушност, за време на изминатите седмици по преземање на контролата над регионот Луганск, малку напредуваа во Доњецк. Луганск им беше полесен, затоа што само 20 отсто од неговата територија беше под украинска контрола. Меѓутоа, прибегнаа кон политика на изгорена земја во градот Северодоњецк, поради што постои страв дека може да го повторат истото сценарио во станбени подрачја на Доњецк со цел да напредуваат, додава тој. Во таа смисла, тој истакна дека „неуспехот да се наметне контрола над Мариупол, ги натера Русите да го уништат со бомбардирање по неколку седмици борба, иако, во основа, се бореа во него против еден баталјон (Азов). Но, ситуацијата е поинаква во остатокот на Доњецк, затоа што всушност поголем дел украински сили, подготвени за војна, се наоѓаат таму од 2014 година“. Експертот очекува наскоро Доњецк да сведочи на жестоки борби со поддршка на артилериски оган, каде Русија ќе има доминација, велејќи: „Русија нема да се двоуми околу тоа да уништи непопустливи градови (Бакмут, Краматорск, Словјанск, Авдиивка и други), а голем дел од жртвите тогаш ќе бидат цивили, поради што треба да се избегнува долго чекање“. Гласови за и против Меѓутоа, реакциите во јавноста се поделени. Меѓу прогонетите жители на тие подрачја и оние кои останале, има гласови за и против идејата за евакуација, од различни причини. Во Киев, каде бројот на раселени од источните региони кон крајот на јули ја надмина границата од 100 илјада лица, Ал Џазира.нет разговараше со таксистот Олексиј, кој пред неколку месеци го напушти градот Краматорск. - Поддржувам наметнување евакуација, бидејќи останувањето, како што изминува времето, се претвора во самоубиствен проект. Сите очекуваат Доњецк да се претвори во котел. Излегов со жената и децата, но, мојот татко одби, инсистирајќи да остане во својата куќа надвор од градот. Тоа е случај со многумина стари лица таму, појасни тој. Во истиот контекст, Ирина Терешченко, активистка на волонтерската хуманитарна група „Крила на добрината“ во источни региони, во телефонски разговор за Ал Џазира изјави дека „старите лица сочинуваат околу 50 отсто од оние кои остануваат. Се обидуваме да ги убедиме да одат без оглед на дестинацијата, но, тие често го одбиваат тоа“. Таа истакна дека „на некои од нив им е сеедно на крај кој ќе владее со нивните територии, а многумина велат дека им е полесно да умрат во домовите, отколку да ги напуштат или да станат раселени лица или бегалци во други краеви и држави“. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан