• сабота, 28 декември 2024

Зоран Ѓоргевски е нов директор на делчевскиот Здравствен дом

Зоран Ѓоргевски е нов директор на делчевскиот Здравствен дом
Делчево, 12 февруари 2022 (МИА) - Доктор Зоран Ѓоргевски е нов директор на Јавната здравствена установа Здравствен дом „Гоце Делчев" во Делчев. Ѓоргевски доаѓа на местото на досегашната директорка д-р Марија Глигоровска, која раководеше со установата во последните пет години. - Новиот директор Зоран Ѓоргевски е специјалист по оториноларингологија, долги години вработен во здравствената установата во Делчево и со своето успешно работење се очекува да придонесе во подобрувањето на неговата работата, се вели во објавата по повод неговото назначување за прв човек на здравствената установа. Во својот досегашен мандат, Глигоровска реализираше неколку проекти, меѓу кои и реконструкција на внатрешните простории на амбулантата, која минатата година се реализираше со средства од Министерството за здравство. Пред нејзиното заминување во пензија, со средства од буџетот на установата, досегашната директорка набави и ново возило за потребите на Итната медицинска помош во Делчево. вс/цр/  

Остани поврзан